Не забележале дека крадци им влегле дома - тетовчанец остана без 11.000 евра

 

Крадците дефинитивно не запираат. Синоќа било ограбена куќата на 37-годишниот Х.К. во тетовската населба Мала Речица.

Според податоците, засега непознати лица во периодот помеѓу 23.30 часот и 2 часот по полноќ додека домашните биле на приземјето,  влегле преку прозорец од соба на катот и од простор помеѓу два ормара одзеле најлонско ќесе во кое, според пријавата на сопственикот, имало околу 11 илјади евра. 

Полицијата трага по сторителите.

04.01.2014 - 11:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега