Пожар во зграда во Тетово - направена штета од над 5000 евра
Околу 20 часот и 45 минути синоќа избувнал пожар на петти кат во зграда на улицата „180“ во тетовската населба Блок 70 спроти фабриката „Едтко“.
60-годишниот сопственик М.С. во моментот на избувнувањето на пожарот со семејството бил на село. За среќа, со брзата интервенција на пожарникарите било спречено да се прошири пожарот, а направена е штета од над 5.000 евра.
Најверојатна причина за пожарот е нестручно изведениот оџак каде што и горело најмногу. Повредени лица нема.
04.01.2014 - 10:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа