Спортска обложувалница во Скопје остана без 240.000 денари
Вчера во периодот од 2 часот до 2 часот и 30 минути непознат сторител ограбил спортска обложувалница во Скопје.
Се работи за обложувалницата „Бетсити Балкан“ лоцирана на булеварот „Партизански одреди“.
Крадецот успеал да одземе телевизор и сеф во кој имало околу 240.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителот.