Обдукцијата утврди од што починала Маја - како нејзиното тело се нашло на планина?

 

Полицијата денеска потврди дека безживотното тело во фаза на распаѓање кое беше пронајдено во планините над Охрид е на 14-годишната Маја Блажеска од Лешани која два пати избега од дома. 

- На безживотното тело не се забележани траги од насилство. Досегашните информации од обдукцискиот наод укажуваат дека најверојатно се работи за измрзнување, истакна Стефан Димоски, портпаролот на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Димовски информира дека за пронаоѓањето на Маја СВР Охрид формирал посебен тим да се занимава исклучиво со случајот, биле преземени голем број мерки, активности за што побрзо пронаоѓање на малолетничката, и постојано биле во контакт со нејзиното семејство.

- Малолетната девојка имала одредени контакти преку фејсбук со лице од Скопје. Што всушност се случило, како Блажеска се нашла во планинскиот предел, тие моменти дополнително ќе бидат утврдувани со цел заокружување на случајот, додаде Димоски.

За потсетување, Маја од Лешани се водеше како исчезната повеќе од еден месец. Нејзиното второ исчезнување во СВР Охрид го пријави нејзиниот татко во ноември, минатата година, а безживотното тело и беше пронајдено вчера на планините над Охрид.

03.01.2014 - 13:39
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега