Девојче стана познато откако објави слика со принцот Вилијам
Дванаесет годишната Медисон Ламбе од Линколншир стана позната откако на својот Фејсбук профил објави слика на која е заедно со принцот Вилијам.
"Навистина беше прекрасен кога го прашав дали може да се сликаме, и ми се чини дека воопшто не му пречеше тоа, иако да бидам искрена не очекував да прифати" изјави девојчето за Би Би Си.
Оваа случка која веројатно Медисон ќе ја памети целиот свој живот, се случила на Божиќ кога кралското семејство излегло на миса во Сандрингам.
03.01.2014 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа