Груевски: Менував пелени по потреба

 

Сопругата не ми даваше задачи за домашните работи, но јас често од љубов кон децата знаев нешто и да сработам по дома. ПРемиерот Никола Груевски на гостувањето во емисијата Опуштено на МРТВ открива делови од својот семеен живот. Вели дека не менувал пелени по задача, туку дека тоа го правел по потреба, од љубов кон децата. 
Груевски вели дека се труди своите деца да ги држи што е можно подалеку од неговата работа.
„Кога ќе се појавам на телевизија со сопругата менуваме канал. Постарата ќерка знае што работам. Знае дека сум премиер, но не значи што претставува таа функција“ - вели Груевски.
Премиерот зборуваше и за своите боксерски денови, како и за љубовта кон театарот. Се пофали со неколку помали улоги во неколку култни македонски претстави. За себе вели дека имал прекрасно детство од кое носи убави спомени.

02.01.2014 - 21:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега