ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски да се фати за работа наместо да глуми жртва
Од ВМРО-ДПМНЕ денеска реагираат дека Андреј Жерновски треба да престане да глуми жртва и конечно да започне да работи нешто.
- Недозволиво е што Општина Центар ја користи само за вработување на своите и партиските војници на СДСМ. Во изминатиот период откако е на власт не направи ниту еден капитален објект, а Буџетот на една од најбогатите општини во Македонија го потроши за партиски вработувања и скапи и непотребни новогодишни прослави. Жерновски залудно се прави жртва. Општина Центар е во добра финансиска состојба и има 140 вработени кои се повеќе од доволно за без никаков проблем да функционира цела Општина како што функционирала во минатите десет години, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Да не беше во добра финснаиска состојба Општината немаше да плаќа дебели пари за 4 дена прослава за Нова Година. Жерновски кога треба да ја покрие својата неспособност да создава проекти тогаш нема пари или има опструкции, а ако треба да направи нешто матно или незаконски тогаш има пари. Впрочем Жерновски во свој стил секогаш кога ќе го фатат во некоја матна зделка плаче дека е блокиран. Тој само се обидува преку притисок и манипулации да ги протурка незаконските вработувања и да си ги покрие со тоа што вработува луѓе кои треба да бидат државни службеници преку договори на дело. Во Општина Центар трудовата инспекција во неколку наврати наиде на непријавени лица, што доволно говори за неодговорното и незаконско раководење на Жерновски на општината., велат од партијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа