Бесими: Динамизирање на процесот на пристапување во ЕУ останува наш приоритет и годинава
Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими на денешната средба со новинарите претставувајќи ја ЕУ-агендата за оваа година истакна дека динамизирање на процесот на пристапување во ЕУ како стратешки приоритет на државата, поефикасно користење на ИПА фондовите и друга странска помош и поголема транспарентност и инклузивност во процесот на евроинтеграцијата се трите цели на ЕУ-Агендата за 2014 година на Секретаријатот за европски прашања.
Во однос на грчкото претседавање кое стартуваше од јануари, вели иако тоа го нема проширувањето на ЕУ меѓу своите приоритети, на нас е да работиме на она што зависи од нас, а тоа се реформите, кои вели се нашиот најголем аргумент. - Тоа го очекуваат и нашите пријатели во ЕУ, потенцира Бесими.
Во врска со спорот за името со Грција, Бесими рече дека сакаат да го задржат конструктивниот пристат и да бидат партнери во барањето решение, а значаен фактор би била поддршката од меѓународната заедница.
Појаснувајќи ја ЕУ-Агендата 2014, тој посочи дека во однос на динамизирање на процесот, СЕП ќе се ангажира за подобрување на координацијата и усогласување на работата на органите на државната управа и другите органи и институции за подготовка на државата за членство во ЕУ. Во овој контекст, најави дека ќе биде направена детална анализа на досегашната примена на Спогодбата за стабилизација и асоцијација која во април одбележува 10 години од нејзината примена.Ќе се работи и на усогласување на националното законодавство со легислативата на ЕУ. Вицепремиерот Бесими најави и динамична дипломатска агенда со посети на интитуциите во Брисел и земјите-членки заради обезбедување на евроинтеграцискиот процес на Македонија. Во лобирањето за интегративниот процес и зајакнување на македонските позиции треба да помогне и ангажманот од нашата Мисија во Брисел.
Вицепремиерот Бесими, ја подвлече активноста во делот на обезбедување поголема транспарентост и инклузивност во процесот на ЕУ-интеграците пред се, преку промовирање на европските вредности и обезбедување поддршка од граѓаните заради одржливост на евроинтегративниот процес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа