Нема парно после 21 часот за да нема повисоки сметки

 

Регулаторната комисија за енергетика го одби барањето од Балкан Енерџи Груп да се продолжи периодот за парно греење за уште два часа. Според Регулаторната комисија, ако се продолжи греењето за два часа, ќе се зголемат и сметките на граѓаните за парно греење за 9 отсто.

Доколку компанијата има вишок топлина, ќе може да им ја испорачува на граѓаните во вечерните часови, но без да бара надоместок за тоа.

Останува БЕГ да одлучи дали ќе има парно и по 21 часот навечер.

02.01.2014 - 13:07
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега