Преку планинарска патека ќе се стигнува од Скопје до Крушево и Попова Шапка до Охрид

 

Нови 184 планинарски патеки ќе бидат обележани во Македонија,па така сите планинари и оние кои сакаат да се рекреираат со оваа активност ќе имаат можност тоа да го направат и преку планини да ја изодат Македонија. Како што пишува Дневник, проектот за нови планинарски патеки ќе го реализира владината Агенција за промоција и поддршка на туризмот во земјава, а се работи за проект вреден 300.000 евра.

Патеката од Скопје до Крушево ќе биде најдолга патека со 200 километри на 2 илјади метри надморска височина. Исто така планинарите ќе можат да уживаат и во патеката од Попова Шапка до Охрид, долга 137 километри. 

02.01.2014 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега