Прво па машко во Кавадарци - по четири женски бебиња мајка конечно си доби момченце

 

Првото бебе коа дојде на свет годинава во Кавадарци е машко. Како што информира градоначалникот  Александар Панов, се работи за петтото дете на 26-годишната Суада Муниши. 

- Симболично земено ова е машка година. Раѓањето на што поголем број деца е важно за популационата политика што ја водат општината и државата, изјави Панов, додавајќи дека со одлука на Советот на општината секое новороденче ќе добива по шест илјади денари.

Инаку, останатите четири дечиња на мајката се женски. 

- Посебно радува фактот што на 26-годишната мајка Суада Муниши  ова и е петто чедо. Петто, па машко. Останатите четири се девојчиња, истакна началникот на Гинеколошкото одделение д-р Бранко Поповски.

Минатата година во Кавадаречката болница се родиле 552 бебиња од кои 299 машки. 

02.01.2014 - 09:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега