Се прејале и завршиле на Хирургија

 

Од кумановската болница информираат дека вчера во Одделението за хирургија биле примени три лица, повредени во тепачки.

Едното лице поради со повреди на главата е префрлено во скопсиот Ургентен центар, а останатите по пружената помош се пуштени на домашно лекување.

- Помош побараа и пет лица со мачнини и потешкотии на дигестивниот тракт предизвикани од прејадување, вели доктор Стефан Трајановски од одделението за хирургија од Куманово, пренесува МИА.

Од интерното одделение информираат дека пет малолетни момчиња и едно девојче биле примени на одделението поради интоксикација со алкохол.

Доктор Марија Бајдевска од Итна помош Куманово, информира дека екипите на оваа установа за време на новогодишната ноќ,извршиле 32 прегледи и петнаесет посети. Едно лице кое Новата Горина ја славело на градскиот плоштад побарало помош поради повреда на окото и е префрлено на очно одделение во кумановската болница.

01.01.2014 - 15:23
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега