Прво па машко во Прилеп и Битола
Прво па машко и во Прилеп и Битола.
Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески денеска во градската болница „Борка Талески“ на гинеколошкото одделение ги посети мајката и првото бебе-машко во Новата година.
Првото прилепско бебе се роди изутрината околу 2:50 часот. Локалните власти со најубави желби и подароци од 15.000 денари и пакет со основни потреби за бебето.
- Нека ова биде навестување за бериќетна година. Да им се посветиме на семејството и нашите потомци, порача градоначалникот Марјан Ристески.
Првото новороденче во Битола од вкупно осумте годинава, е исто така машко. Градоначалникот Владимир Талески ги посети мајките на децата во Клиничката болница и, традиционално, им врачи новогодишни подароци.
Во Битола новогодишната прослава на плоштадот помина мирно и покрај големата посетеност. Според полицијата, прв пат по подолго време на „најлудата“ ноќ не е регистрирано ниту едно нарушување на јавниот ред и мир, ниту пак се случила некаква сообраќајна незгода.
Како што информира Службата за ургентна медицина, здравствен преглед побарале 54 граѓани. Најголемиот број биле алхоколизирани малолетни лица, но имало и такви што се жалеле на болки во абдоменот, покачен крвен притисок и други здравствени проблеми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа