Уживајте во сонцето уште денеска: Од утре подгответе си ги чадорите

 

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени, информираат од Управата за хидро - метеоролошки работи.

Во Скопје, исто така, се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура да се спушти до 8, а максималната да достигне до 27 степени.

Според синоптичарите, од утре следува период на променливо облачно, релативно топло и нестабилно време со честа појава на повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи

20.04.2025 - 10:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега