Иванов во посета на велешката касарна
Maкедонскиот претседател и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов придружуван од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, денеска ќе ги посети припадниците на Командата за обука и доктрини на АРМ во касарната „Алекса Демниевски-Бауман“ во Велес.
За време на посетата, претседателот Иванов на припадниците на Командата за обука и доктрини кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници ќе им ја честита Новата 2014 година. Предвидено е со нив да има и заеднички ручек.
01.01.2014 - 10:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа