Идната година поевтини СМС пораки

 

Во текот на наредната 2014 година се очекува да се случи генерално поевтинување на телекомуникциите за македонските потрошувачи. Како што јавува Економски.мк,  заради помалиот број на паметни телефони СМС и натаму е многу користена опција за комуникација во Македонија, а мобилните оператори ќе имаат можност значително да ги намалат цените на пораките од први јануари. 

 АЕК не го регулира малопродажниот пазар, но го регулира пазарот кој на еден начин претставува трошок за операторите. Бидејќи нивните цени се формираат на основа на трошоците, штом тие ќе се намалат, апсолутно ќе мора да паднат и малопродажните цени. Ќе имаат притисок од пазарот, маргината веќе им е поголема и нормално, притисокот од конкуренцијата и АЕК ќе се обидат да ги намалат, вели Роберт Ордановски, директор на АЕК, за ekonomski.mk.

Инаку, во текот на 2013 година  АЕК во мобилната телефонија за 70% ги намали и цените за интерконекција, а во фиксната за 30% цената за пристап до Македонски Телеком.

- Очекуваме операторите да реагираат веднаш и јас сум сигурен како функционира тој пазар, првиот оператор кога ќе ги намали цените ќе ги повлече и другите да го следат затоа што конкуренцијата е толку голема што буквално секоја промена се следи и операторите реагираат на било каква промена на пазарот, вели Ордановски, за Економски.мк.

31.12.2013 - 11:38
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега