Дедо Мраз: Ќе бидам натпартиски Претседател на Македонија
Старецот од Лапонија, откако успеа во изминативе дваесетина векови да го постави светот на здрави нозе, да ја врати довербата во среќата, во љубовта... да ги радува срцата, одлучил да се повлече од својата досегашна обврска. Дедо Мраз ги спрега ирвасите и веќе е на пат кон Аеродромот Алекснадар Велики. Таму ќе го пречекаат сите релевантни политички играчи, на чело со Ахмети, Груевски и Заев, со цел да го промовираат на партиската коневција на ВМРО-ДПМНЕ како единствен надпартиски и заеднички консензуален претседателски канидат. Дедо Мраз, во ексклузивното интервју за Прес24, открива како ќе се развива Македонија понатаму.
-Работите начелно се договорени со Али Ахмети. Тој презеде одговорност дека ќе успее да воспостави контакти со Зоран Заев и со Никола Груевски за да добијам поддршка и од овие две партии. Е, сега колку што мене ми е познато останува само уште да се дефинира начинот на мојата кандидатура. Јас би сакал да биде тоа преку конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. На исти став бил и Груевски. Ахмети немал ништо против, само сакал кога ќе се појавам на сцената да го запазам концептот на мултиетничност. Единствено Заев незнаел како ќе реагира Црвенковски, иако тој лично не би бил против да се појави на конвенцијата. Така на едно место ќе ги соберам сите релевантни политички фактори и ќе го демонстрираме идниот концепт на државното уредување, вели за Прес24, Дедо Мраз.
Единствена работа од која стравуваат “обединетите партиси сили-ОПС”, е можноста Црвенковски и Георгиевски, поддржани од своите новинарски багабонти и соросоидни отпораши да го блокираат и спречат овој историски настан за Македонија. Прес24, дознава дека Ладата на Отпорот веќе неколку денови е забележана на неколку релации во Скопје.
И Дедо Мраз во интервјуто стравува дека ове дваца, пријатели од деведестите можат да предизвикаат проблем.
- Па Црвенковски и Георгиевски. Зарем малку се тие двајца на едно место. Башка и клучевите од ладата се кај Бранко. Тие двајца можат многу работи да побркаат, вели Дедо Мраз за Прес24.
Целиот концепт за развој на Македонија е базиран на една почетна инвестиција што Дедо Мраз ја носи со себе.
- Слдната 2014 во Македонија ќе влезат околу 4 милјарди евра како директни инвестиции. Тоа ќе биде моја грифилд инвестиција, вели во интервјуто за Прес24, Дедо Мраз.
Дедо Мраз, овој пат во црвената торбица, која во иднина ќе го отсликува мултиетничниот карактер на Дедо Мраз, нешто што морал да го прифати како барање на Ахмети, нема пакетчиња. Туку сериозен план Б за Македонија.
ПРЕС24: Чест и задоволство е со најстариот, а воедно и најдинамичен човек на светот да поразговараме на суштински важни прашања од светски рамки, надвор од стандардните клишеа за Вашите новогодишни честитки и пораки до најмладите. Дедо Мраз, како Вие ја оценувате оваа 2013-та година? Дали таа беше една добра годинна? Како таа ќе биде забележана во светската историја?
ДЕДО МРАЗ: Најпрвин сакам да Ви искажам беспрекорна благодарност, што ете токму Вие, односно што токму медиум од Вашата мала држава се одважи да поразговара со мене за прашања за кои многумина мислат дека јас немам став или пак дека воопшто тие теми мене ми се познати. Јас сакам да Ви кажам дека јас ги гледам сите медиуми на светот, и дека ги читам сите печатени весници, а редовно на мојот смарт фон се активни сите апликации за сите интернет поратали, така што јас сум информиран секојдневно и морам да кажам објективно. Оваа година генерално беше успешна година. Добро е што светот и годинава преживаа голем број глупости.
ПРЕС24: За Македонија може ли да се каже дека оваа година беше успешна?
ДЕДО МРАЗ: Македонија е специфична приказна. Ако треба да дефинирам на скалата од 1 до 5 за успешноста на Вашата земја, тогаш од мене имате чиста тројка. Тоа не е мала оценка. Се на се генерално, Вие, иако стоите во место, сепак напредувавте. Ете годинава место две, една земја членка на ЕУ ве блокираше. Гледате Бугарија се освести и не застана контра Вас. Тоа е напредок. Оваа година за Вас е значајна што тоа е година пред 2014, а последната моја посета пред три дена на Скопје ми остави силен впечаток дека Скопје 2014 ќе биде завршен во предвидениот рок. Тоа не е мал успех. И економски гледано инкасиравте милиони евра од странски инвестиции.
ПРЕС24: И сега како ќе се развива Македонија следната 2014-та? Ке има ли турбуленции?
ДЕДО МРАЗ: Јас искрено не гледам никакви турбуленции. Барем не посериозни. Можни се пореметувања на политичката сцена, но тоа не е нешто што не сте го доживеле. Македонија следната 2014-та ќе има големи резултаи, пред се на економски план. Тоа не го зборувам на памет, туку од она што со сигурност го знам. Еве на пример, ќе Ви откријам една тајна, иако можеби премиерот Груевски би сакал прв да Ви соопшти, но јас тоа ќе го направам без негова согласност. Слдната 2014 во Македонија ќе влезат околу 4 милјарди евра како директни инвестиции.
ПРЕС24: Како мислите 4 милјарди? Кој ќе инвестира толку пари и зашто?
ДЕДО МРАЗ: Јас!
ПРЕС24: Вие? Како тоа Вие ќе инвестирате 4 милјарди? Во предновогодишни пакетчиња?
ДЕДО МРАЗ: Ахахахха ( се смее) НЕ! Пактчињата се за малите деца. Вие сте големи деца. Јас ќе инвестирам во гринфилд инвестиција. Ќе донесам свеж капитал. Македониаја заслужува еден “снешко град”.
ПРЕС24: Снешко град? Што подразбира тоа?
ДЕДО МРАЗ: Тоа е една крупна инвестиција. Покрај брегот на Преспанското езеро ќе изградам елитна снежна населба. Се сеќавате на Аква Пура? Е тоа ќе биде слично, ама како зимски центар. Тоа ќе биде еден вид алтернативен турзам. Знаете се она што овде во Лапонија, на северниот пол го гледате, ќе го пренесам таму. Тоа ќе биде најатрактивната туристичка дестинација. Преспанското Езеро ќе го замрзнеме и претвориме во најголемото хокејско игралиште на светот. Всушност Преспа ќе стане центар за светски првенства во хокеј.
ПРЕС24: Дедо Мраз, Вие мајтап терате. Па во Македонија преку лето температурите се над 40 степени?
ДЕДО МРАЗ: Точно е тоа! Но, се може да се смени ако се сака. Да! Впрочем и Субрата Рој, кога последен пат беше во Лапонија ми сугерираше да ги инвестирам парите во Македонија. Вашиот економски промотор веќе презеде активност на овој план.
ПРЕС24:Да се вратиме на политиката. Во март во Македонија ќе има претседателски избори?
ДЕДО МРАЗ: Да! И тоа е точно. На тие избори јас ќе се кандидирам.
ПРЕС24: Вие ќе бидете претседателски кандидат?
ДЕДО МРАЗ: Всушност јас ќе бидем единствениот натпартиски кандидат.
ПРЕС24: Нешто како Срѓан Керим пред пет години?
ДЕДО МРАЗ: Работите начелно се договорени со Али Ахмети. Тој презеде одговорност дека ќе успее да воспостави контакти со Зоран Заев и со Никола Груевски за да добијам поддршка и од овие две партии. Е, сега колку што мене ми е познато останува само уште да се дефинира начинот на мојата кандидатура. Јас би сакал да биде тоа преку конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ. На исти став бил и Груевски. Ахмети немал ништо против, само сакал кога ќе се појавам на сцената да го запазам концептот на мултиетничност. Единствено Заев не знаел како ќе реагира Црвенковски, иако тој лично не би бил против да се појави на конвенцијата. Така на едно место ќе ги соберам сите релевантни политички фактори и ќе го демонстрираме идниот концепт на државното уредување.
ПРЕС24: Што ќе понуди тој концепт?
ДЕДО МРАЗ: Прво просперитет. Второ преродба. Трето стабилна средна класа. И она што е најважно, тоа е план Б за заглавените евроинтеграции.
ПРЕС24: Што подразбирате под план Б?
ДЕДО МРАЗ: План Б е план Б. Разумен план.
ПРЕС24: Дали тоа значи напуштање на евроинтегративниот пат на Македонија?
ДЕДО МРАЗ: Јас нема да го менувам стратешкиот план на државата зацртан во деведесетите. Јас како иден Претседател на државата нема да ги изневерат очекувањата на граѓаните. Јас само сакам да понудам, односно сите заедно да понудиме решение како понатаму, додека трае оваа состојба со блокадите до Грција.
ПРЕС24: Е како понатаму?
ДЕДО МРАЗ: Така. Едноставно. Како и досега.
ПРЕС24: Значи од шупло во празно што би рекле старите?
ДЕДО МРАЗ:НЕ!. Не ве молам. Немојте така. Па еве мојата инвестиција од 4 милјарди евра зарем не е доволна за почеток? Тука ќе помогне и Заев. Ќе работи напорно за враќање на средната класа. Тој лично ми вети дека минималната плата ќе ја направи 400 евра. Груевски ќе ја продолжи битката за преродбата. Реформите нама да застанат. Ахмети ќе работи напроно на надворешната политика. Ќе изградиме општество економски моќно и кога Европската Унија ќе има потреба за одржување на нејзината еконмска стабилност ќе ја побара нашата помош. Ние тогаш ќе имаме доволно стабилна економија за да можеме да ги сервисираме сите долгови на тогаш веќе пропаднатите економии во Атина, Мадрид, Лондон, Париз... Тогаш Унијата сакала или не ќе се интегрира во нас. Практично ние ќе ја поседуваме. Странците ќе ги преселат сите бизниси овде, ние ќе им понудиме уште помали даноци, ќе има пари и за Струмица 2019-та, и за Куманово 2020-та и за многу други градови.
ПРЕС24: И ако сите релевантни партии застанат зад една агенда кој ќе биде овде опозиција?
ДЕДО МРАЗ:Па Црвенковски и Георгиевски. Зарем малку се тие двајца на едно место. Башка и клучевите од ладата се кај Бранко. Тие двајца можат многу работи да побркаат.
ПРЕС24: Што правиме со преговорите со Грција за името?
ДЕДО МРАЗ:Ништо. Времето работи на наша страна. Само треба да се издржи. Ете кој мислел дека јас после векови и векови ќе добијам можност да станам претседател на Македонија. Но, ете и тоа време дојде. Ние ќе ги измориме Грците. Тие ќе почнат да бараат решение, да бараат директни средби за да се дојде до решение на проблемот, а ние ќе ги игнорираме.
ПРЕС24: Со Бугарија? Што со отвореното прашање со Бугарите?
ДЕДО МРАЗ: Мислите на обвинувањата за крадење на историјата?
ПРЕС24: Меѓудругото и тоа.
ДЕДО МРАЗ: Па тоа е бугарска работа. Знаете тие секогаш се прилагодуваат на победниците и на моќните. Сега се со ЕУ, утре ќе бидат со нас.
ПРЕС24: Има ли решение за спорот МПЦ-СПЦ?
ДЕДО МРАЗ: Ќе најдеме и за тоа решение. Јас сум мудар човек исто како и вашите и нивните владици. Мудроста е во нашите седи бради. Но за сите поконкретни одговори, Ве чекам на мојата прес-конференција во 12 часот на полноќ на 31 декември. Некаде измеѓу плоштадот Македонија и Плошатдот Јадран. Тогаш и офоцијално ќе ја објавам мојата претсетдателска кандидатура.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА. ВИ ПОСАКУВА ДЕДО МРАЗ- КАНДИДАТ ЗА ПРЕСТЕДАТЕЛ НА МАКЕДОДНИЈА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа