ВИДЕО: Пијан го уништи единствениот семафор во Делчево
Синоќа помеѓу 21.30 и 22.00 часот во Делчево на раскрсницата бул.Македонија и Методи Митевски Брицо, поточно на единствените семафори во градот се случи потежок собраќааен прекршок, кој за среќа помина само со уривање на еден од семафорите, јавува Делчево Денес.
Лицето Ф.Р од Делчево, на возраст од 22 години и под дејство на алкохол, ја изгубила контролата над своето возило и со директен удар во еден од столбовите на семафорите, целосно го уништил едниот семафор а оштетил и еден од другите.
Уништен е и еден патоказ. По настанот извршителот избегал од местото на прекршокот, а по интервенција на полицијата од Делчево тој е пронајден и приведен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа