Груевски го покани Заев на избори
Молк од опозициската СДСМ по фрлената ракавица од Груевски за предвремени парламентарни избори. Откако Груевски ја отвори можноста на барање на опозицијата да дојде до двојна изборна пресметка во март, партијата на Заев остана без коментар.
Груевски јавно порача дека владејачката партија во секој момент е подготвена за парламентарни избори но не конкретизираше кога очекува тие да се случат.
Аналитичарите сметаат дека причините за молкот кај опозициската СДСМ треба да се бараат и во партиите на Стевче Јакимовски и Владо Бучковски кои според последните анкети галопираат кон законодавниот дом. Се поизвесно е дека дел од гласачкото тело на левицата ќе се одлучи и за некоја од овие две опции.
ГРОМ и Граѓанската Алијанса веќе изразија подготвеност за мерење на силите на предверемени избори потенцирајќи ја својата увереност во добар изборен резултат. Помалите партии оценуваат дека без предверемни парламентарни, се заканува дебакл на претседателските избори па ги повикуваат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да бидат одговорни.
Дека на владејачката партија и одговараат предвреемни избори говорат и псоелдните анкети. Истражувањето на јавното мсиелење спроведено до институтот Димитрија Чуповски покажа убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ со 24.8 проценти поддршка наспроти 14.8 отсто кои ги ужива опозициската СДСМ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа