Црвенковски се вклучува во политиката за да го протурка Пендаровски

 

Видливо е се почестото присуство на Бранко Црвенковски во јавноста, најчесто на средби со активисти, пратеници на СДСМ кои важат за негови блиски луѓе, а овие средби ги користи да лобира за Стево Пендаровски. Како што јавува Курир, Бранко Црвенковски повторно активно се вклучува во политиката се со цел да го протурка Стево Пендаровски за кандидат на СДСМ на Претседател на Република Македнија.

Инаку, Пендаровски во 2004 година од страна на мнозинството на СДСМ  беше именуван за претседател на ДИК кога Црвенковски стана претседател, а во 2005 беше именуван за советник за национална безбедност во кабинетот на Црвенковски. По завршувањето на мандатот во 2009 година, Пендаровски заедно со Црвенковски се врати во СДСМ и доби партиски функции во  советите на партијата.

Како што јавува Курир,Пендаровски беше претседател на ДИК кој што го верификуваше сомнителниот избор на Црвенковски за претседател на Македонија, но и претседател на ДИК во чие време се лажираше  референдумот за територијална поделба во 2004.

30.12.2013 - 16:08
Фото: 
А1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа