УХМР најавува зголемување на облачноста за претстојниот викенд
Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни, соопшти УХМР.
Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
19.03.2025 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа