Падна сопственик на кабаре од Куманово: Затекнат додека внесувал противпожарни апарати во клубот

 


По преземени мерки и активности, а во рамки на најавените контроли во ноќните клубови и кабареа, полициски службеници од СВР Куманово го затекнале Т.В.(58) од Куманово, сопственик на кабаре од Куманово, како од неговото паркирано возило пред кабарето изнесува противпожарни апарати и ги внесува во клубот. Веднаш потоа, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во објектот и биле пронајдени и одземени пиротехнички средства.

Лицето било лишено од слобода и во полициска станица, во присуство на адвокат, со него бил извршен службен разговор, а од инспектор за заштита и спасување издадени се прекршочни платни налози и издадено е решение за забрана за работа до отстранување на неправилностите.

За настанот бил известен јавен обвинител.

19.03.2025 - 10:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега