Од идната година нов систем на Царината за поедноставен транзит со Европа
Директорот на Царинската управа на Македонија, Ванчо Каргов, денеска информираше дека се воспоставува нов компјутеризиран транзитен систем со кој ќе се скратат и трошоците и времето за претпријатијата.
- Системот е подготвен. Тука нема никакви лажења и шминка и сметаме дека со ова се е исполнето да добиеме статус членка на Конвенцијата за заеднички транзит, истакнува Каргов.
Со помош на системот се овозможува движење на стоки во транзитна постапка меѓу кои било две места во кои било земји членки на Конвенцијата за заеднички транзит со користење на една единствена транзитна декларација.
- Нашите производи без никаков непотребен застој ќе ги поминуваат стоките со само една електронска декларација, рече директорот на Царинската управа.
Инаку, системот ќе започне да функционира од 1 јануари 2014 година, а од 1 март ќе биде задолжителен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа