Игор Џамбазов скршен од болка за Андреј ДНК: Ти беше од таа специјална сорта луѓе

 

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов се огласи на Фејсбук скршен од болка, по веста за трагедијата во Кочани, каде во дискотеката Пулс во пожар настрадаа 59 лица, а повеќе од 150 се повредени. Тој се прости од неговиот пријател, Андреј од ДНК кои кобната вечер на 16 март имаа настап во дискотеката.

- Пријателе... Немам зборови. Не можам ниту да говорам, ниту да пишувам. Уште помалку да пеам. Онемев. Ослепев. Оглувев. Оглупавев. Снеможев, напиша Игор.
- Андрејчук, малкумина има како тебе. Ти беше од таа специјална сорта. Добри луѓе. Посебни луѓе што би се жртвувале секогаш, за секого, и во секоја прилика. И кога ќе се видиме горе, ќе си го завршиме муабетот што го почнавме на новогодишната ноќ, кога заедно настапувавме пред среќната публика. Таа, публиката, никогаш нема да те заборави. Јас уште помалку...Сонувај спокојно...напиша Џамбазов.

Инаку, во земјава и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

Денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора. 

18.03.2025 - 10:23

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега