Пратениците овој понеделник со полни раце работа
Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седници ќе одржат комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање и Законодавно правната комисија.
Единствена точка на дневниот ред на седницата на Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање.
Законодавно - правната комисија треба да ги одржи 68 и 69 седница, на кои пратеиците ќе расправаат по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, во второ читање, по Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка и по Предлог на закон за изменување на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување, во прво читање.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа