Голема спасувачка акција на Галичица - едно лице падна во провалија

 

Полицијата, противпожарната служба, Црвениот крст и Службата за итна медицинска помош се во потрага по две лица кои западнале во неволја на падините на планината Галичица.

Според досегашните информации, се работи за двајца државјани на соседна Албанија, за кои било пријавено дека се во неволја, односно дека еден од нив паднал во провалија.

Охридската полиција ги потврдила овие информации, но, засега нема детали за несреќата, ниту за здравствената состојба на лицето кое паднало во провалија.

 

30.12.2013 - 13:11
Фото: 
Радио Слободна Европа

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега