Операција „Чистач“ - Полиција со акции низ цела Македонија
Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведува претреси на повеќе локации низ Македонија. Целта е сузбивање на уличното дилерство и нелегалното поседување оружје.
МКД.МК дознава дека акцијата „Чистач“ опфаќа повеќе градови и населени места, при што полицијата се фокусира на разбивање на криминални мрежи чиј таргет се најмлади и ранливи категории граѓани.
- „Ова е јасна порака дека МВР е посветено на искоренување на овие штетни појави во општеството. Уличното дилерство е сериозен проблем кој ги загрозува младите, а нелегалното оружје претставува потенцијална закана за безбедноста на сите граѓани,“ велат полициски извори.
МВР најавуваат дека овие активности ќе продолжат во наредниот период со зголемен интензитет.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа