Петрушевски: ССМ е киднапирана од СДС, Трендафилов да каже со кого се координира пред секој настап
Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, ССМ е киднапирана од СДС и веќе подолг период овој синдикат нема автентнично делување, туку следи насоки на опозицијата.
Го повика Слободан Трендафилов да каже колку тајни состаноци имал со СДС и со кого се координира пред секој настап.
Трендафилов, вели Петрушевски, да не ги лаже работниците и јасно да каже, дали од СДС му е кажано да излезе со илузорни барања за потоа тие да се налепат преку прес-конференции на темата.
„Трендафилов е ставен во канал на партиското делување на СДС. И таа улога свесно ја прифатил, и свесно ги манипулира внатре во ССМ.
Трендафилов да каже дали планот на СДС кој го спроведува, тој е предвреме осуетен од самите работници, кои го разоткрија, па СДС се приклучија со наводни предлози и решенија цела недела порано.
Точно знаеме кој и како го координира Слободан Трендафилов“.
Паниката, како што оценува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕм е огромна и кај Слободан Трендафилов и кај СДС. А тоа, додава, се гледа и низ делувањето внатре во ССМ, каде на секој месец до два се менува Статутот.
Петрушевски прашува од што се плашат Трендафилов и СДС и што кријат од синдикалците?
Најави дека тој и неговата партија продолжуваат со разобличување на Трендафилов и СДС, тие според него се прочитани, а нивниот план осуетен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа