Времето денеска: Наутро кочан ладно, на пладне пролет

 


Времето денеска наутро ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -4, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје наутро студено, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Во сабота ќе се задржи претежно сончево време, наутро студено со многу ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни и наместа ќе се спуштаат и под -10 степени. Од недела следува период на променливо облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Од понеделник ќе има услови за слаби локални врнежи претежно од дожд, а на планините од слаб снег.

21.02.2025 - 08:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега