ВМРО: Куќи, станови, коли - Да се прочешла имотот на судиите кои работат на повик на Бихаќка

 

Деловен имот, неколку куќи, станови, градежно и земјоделско земјиште, неколку коли е дел од имотот на судиите и обвинителите во државата. Со чиновничка плата на грбот на граѓаните стигале до имот како блискоисточни шеици. Судството и обвинителството наместо да се бори против криминалот, реши да служи на неправдите и криминалот. И време е да се стави крај. Ова го велат од ВМРО преку соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

Треба добро да се прочешла имотот на дежурните судии кои се на телефонски повик на штабовите на Бихаќка и Мала Речица.

Сијамските близнаци, како судиите Илија Трпков и Добрила Кацарска, кои судеа над 200 години во 27 април, треба да се провери дали и каква корист и бенефит имаа од политичките процеси кои ги водеа.

Треба да се провери кои судии пораснаа енормно со својот капитал и наместо око на правдата во Македонија, станаа око на криминалот во државата.

Дополнително, треба да се повика и на одговорност и Љупчо Коцевски каде мистериозно пропушти да реагира во безброј случаи на очигледен криминал.

Жално е што СДС и ДУИ не најдоа за сходно да ниту еднаш да ги поддржат реформите во правосудството во државата.

Тоа покажува дека сите се потонати во истиот криминал.

Одговорност мора да има!

19.02.2025 - 09:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега