Досега откупени 7 милиони килограми тутун - просечна цена 165 денари за килограм

 

Откупот на тутунот досега тече во најдобар ред и согласно законот. Според нашите податоци веќе се откупени 7 милиони килограми од годинашната реколта или 17 отсто при што е постигната просечна цена од 156 денари за килограм, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов

По средбите со менаџерските тимови на откупните компании за тутун и претставници на здруженијата на тутунопроизводителите од Струмичкиот регион, Стаменов објасни дека овие посети се дел од неговата работна агенда со цел во викендот кога не се врши откуп да се информира директно од теренот за текот на откупната сезона и да интеревнира во случај на одредени аномалии.

- Интересно е што од откупените 17 проценти, 4,7 отсто се од прва класа, а со четврта класа се оценети оклу 5 проценти. Тоа покажува дека најквалитетниот тутун се уште не е откупен и оти вискинските резултати ќе ги имаме по 15 март кога завршува откупната сезона, изјави Стаменов.

Тој апелира до откупните компании да ја засилат динамиката на откуп по Божик, а тутунарите да ги искористат поволните временски услови за калапење и предавање на тутунот.

- Упатувам апел и предупредување до откупните компании за нивен целосен ангажман во откупот на договорените количини до законскиот рок, а тоа е 15 март. Инспекторатот нема да дозволи пречекорување на овој рок и отстапување од договорените обврски, рече Стаменов.

Со цел нормално одвивање на откупот на тутун, Стаменов апелира до сите политички партии и лидери на разни здруженија да не ја користат маката на тутунарите за свои цели и да бидат понастрана од откупните пунктови на кои освен за проценителот, тутунопроизводителот и претставникот на тутнското здружение нема место за никој друг.

Директорот на Државниот инсперат за земјоделство денеска изрази задоволство од ангажманот на Второстепената комисија за проценка.

Како што рече Стаменов, до сега на откупните пунктови во Струмичко, Второстепената комисија била повикана во 120 случаи при што во 40 проценти ја зголемила проценетата класа, што, нагласи, покажува дека откупувачите ги вршат проценките во рамките на законските норми.

29.12.2013 - 15:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега