Петрушевски: Коцевски соработуваше со СДС наместо да го спроведува законот

 


Љупчо Коцевски премолче за сите криминали на СДС, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата се погрижи 8 месеци ЈО Љупчо Коцевски да има клима за работа без притисоци и со институции на располагање без притисок од некој политички центар.

ЈО Љупчо Коцевски, 8 месеци наместо да се зафати за работа и да почне да ефектуира случаи на висока корупција, тој го преспа периодот.

Љупчо Коцевски не само што не отвори постапки за случаи за кои и јавноста и медиумите гласно зборуваа, туку и ги забошоти случаите кои како готови му беа сервирани од разни институции.

Љупчо Коцевски наместо во спроведување на законот, се фрли на соработка со СДС“, потенцира во изјавата Петрушевски.

Неминовна е смената на Коцевски, особено по извештајот на Транспаренси, кaде е очигледно дека тој е еден од главните виновници за истиот. Одговорност има, додаде тој.

 

14.02.2025 - 12:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега