Петрушевски: До кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДСМ?
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на денешната прес-конференција праша до кога функционери кои ја краделе државата како Пеце Мирчевски ќе бидат на функции во СДС?
-Ова е извадок од партиската интернет страница на СДС. Во делот на Комисии, како претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање е наведен Пеце Мирчевски. Пеце Мирчевски е фатен со двете раце во криминал, и проневера на државни пари. Пеце Мирчевски наместо за интересот на Службата и владата, работел за својот личен интерес и профит, истакна Петрушевски кој го покажа извадокот.
Тој посочи дека ако СДС не го разреши Пеце Мирчевски од претседател на партиската комисија, покажува дека го поддржуваат неговиот криминал.
-Ако СДС не го разреши и не се дистанцира од Пеце Мирчевски и нему сличните од јатото на Заев, вклучувајќи го и самиот Заев, тие ќе продолжат само да тонат, вели Петрушевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа