Ангеловски: Јавната администрација мора да се реформира
Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски денеска во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 истакна дека јавната администрација и државниот апарат мора да се реформираат.
„Ние имаме една нерамноправна состојба, во последно време не ги коментираме, дали доаѓаат сите вработени во јавната администрација редовно на работа, едно време имавме дека не доаѓаат а земаат плата. Во секоја нормална компанија доколку не се појавите три дена на работното место вие добивате отказ. Во државната администрација се случуваше некој да не доаѓа на работа а да зема плата“, вели Ангеловски.
29.01.2025 - 22:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа