Тошковски и шведската амбасадорка разговараа за меѓусебно признавање на возачките дозволи

 


Министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски денеска оствари средба со Н.Е. Ами Ларсон Џаинг, амбасадорка на Кралството Шведска.

На средбата ја потврдивме интензивната и квалитетна соработка како помеѓу двете земји така и помеѓу министерствата при што изразив благодарност за поддршката на Владата на Кралството на Шведска во континуираното зајакнување на капацитетите на македонската полиција од страна на шведската полиција така и на целиот евроинтегративен процес на нашата земја, посочи Тошковски.

„На средбата ја актуелизирав темата за можноста за меѓусебно признавање и замена на возачките дозволи меѓу двете земји што за нашите граѓани кои живеат и работат во Шведска би било големо олеснување и намалување на трошоците“, потенцира Тошкоски.

Шведската амбасадорка ја поздрави посветеноста на Владата и министерството во борбата на земјата со криминалот и корупцијата и изрази благодарност до МВР за сите активности во насока на одржување на мирот, стабилноста и безбедноста на земјава. Исто така на средбата беше потенцирано знаењето на заедничкиот проект „Шведската поддршка за полициските реформи“ поткрепен со финансиски поддршка на Шведската меѓународна агенција за развојна соработка „SIDA” во времетраење од три години, кој претставува уште еден показател за заедничката успешна соработка, потенцираше Тошковски.

29.01.2025 - 15:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега