Делови од Скопје без вода
Корисниците на дел од Батинци денеска од 10 часот немаат вода поради уличен дефект ф 110 мм на ул.„1“ бр.95 во Батинци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.
ЈП Водовод и канализација информира дека поради изведување водоводен приклучок ф 100 мм на ул. „Јуриј Гагарин“ бр.4, без вода од 10.15 часот и до завршување на активностите ќе останат корисниците од улиците „Јуриј Гагарин“, „Струшка“ и дел од ул. „Козле“ во општина Карпош.
28.01.2025 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа