2013 добра економска година за македонската Влада
Годината што изминува на економски план и за Владата и за бизнис заедницата е добра. Очекуваат и двете страни добрата соработка што се остварила досега да продолжи и следната година. Ова е констатацијата од денешната средба на премиерот Никола Груевски и членови на Владата со бизнисмени од Комората на Северозападна Македонија.
- Ова беше добра економска година каде заеднички секој го сработи својот дел. Владата преку општиот амбиент за работа, преку обезбедување евтини кредити, преку навремено раздолжување кон стопанството и плаќање на обврските и сите други политики и мерки, а бизнис секторот со својата креативност и претприемачкиот дух успеа да ја помине добро годината, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по завршување на средбата.
Вицепремиерот Ставревски додава дека ова се предлози кои се контруктивни и добри и кои доаѓаат од искусни бизнисмени и наша задача и обврска е и натаму да помагаме и да настојуваме од се ова што може да се прифати и натаму да ја подобруваме бизнис климата и да има подобри услови за секој бизнисмен без разлика дали е мал или голем.
Стопанствениците од Комората на Северозападна Македонија ја потенцираа добрата соработка со Владата и веруваат дека и натаму таа ќе се подобрува.
- Како бизнис заедница сакаме да бидеме оптимисти и 2014 година сакаме да ја почнеме во оптимистички дух. Оваа наша средба не охрабрува во тој оптимизам. Се надеваме на уште подлабока и почеста соработка со Владата, изјави претседателот на Комората на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа