Министерство за култура: Лажното пријавување само по себе е кривично дело
Во врска со прес-конференцијата на Петре Шилегов против кој Министерството за култура веќе има поднесено пријава согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ја информираме јавноста дека СДСМ продолжува со ширење на лаги и невистини чија единствена цел е манипулирање со законите и законските процедури во државата, велат денеска од Министерството за култура.
- Сакаме да информираме дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја во член 5 јасно и децидно стои кој може да поднесе иницијатива за подигање меморијален споменик и спомен обележје, а тоа се сите физички лица и правни лица. Под физички лица се подразбираат сите граѓани на РМ, а под правни лица сите правни субјекти во РМ (државни институции, установи, здруженија на граѓани, трговски друштва и тн). Значи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја секој може да поднесе иницијатива за подигање на меморијален споменик и спомен-обележје. Поднесувањето на иницијативата не претставува кривично дело. Иницијативата по својата суштина е демократско право на сите во Република Македонија. Забраната за поднесување на иницијативи е спротивно на демократските процеси и е одраз на тоталитарниот ум кој сеуште владее во СДСМ.
Потсетуваме дека и лажното пријавување е кривично дело само по себе согласно член 366 од кривичниот законик на Република Македонија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа