Истражување: Во Македонија последните години зголемени можностите за почнување бизнис
Според последното спроведено Глобално истражување за претприемништвото, во последните неколку години во Македонија двојно се зголемени можностите за почнување бизнис.
- Вкупно 52 отсто од претприемачите велат дека се мотивирани од нужност што е во согласност со општата економска и социјална состојба. Во услови на висока невработеност и низок економски раст, почнувањето бизнис се наметнува како нужност. Тоа е една од малкуте алтернативи за егзистенција на луѓето. Сепак, охрабрува трендот што расте процентот на претприемачи кои се мотивирани од можноста заради подобрување, стои во анализата.
Глигор Михаиловски од Македонската развојна фондација изјавува дека за претпријатија по претставувањето на ГЕМ, трговијата, градежништвото, деловните услуги, земјоделството и рударството се областите во кои најмногу се отвораат фирми.
Од анкетираните претприемачи, 12 отсто велат дека во следните пет години би вработиле преку 20 лица што е поразителна бројка во однос на останатите земји од регионот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа