Обвинетите за убиството на Вања „вежбале“ киднапирање 3 дена пред да ја убијат
Денеска во Кривичниот суд се разгледуваа снимки од движењето на обвинитетите во врска со убиството на Панче Жежовски и 14-годишната Вања Ѓорчевска. Како што презентираше денес Обвинителството планот на киднаперите бил да ја грабнат Вања на 24 ноември или три дена порано, но се откажале од оваа замисла зошто тој ден било многу раздвижено.
Од она што беше презентирано можеше да се забележи дека во деновите пред убиството на Вања односно на 24 ноември се гледа како автомобилот ,,цитроен”, во периодот од 6.30 до 7 часот утрото поминува низ неколку улици во Скопје, а минува и пред зградата во кое живеело девојчето.
Обвинителката објасни дека пребарувањето во Сејф сити се врши преку регистарски таблички, така што дури и ако на снимките регистарската табличка не е видлива, не постои сомнеж дека станува збор за друго возило.
На сника од раскрсницата кај Кривичниот суд и Мавровка, се гледа возилото Цитроен.
„На оваа снимка може да се забележи дека има лице на возачко, совозачко седиште и уште едно лице позади, се гледаат три лица во возилото, објасни обвинителката. Возилото се движи кон мостот оце Делчев, продолжува кон Владата каде вози во првата лева лента и се престројува да сврти лево. Последната снимка од ова ЦД покажува како возилото како доаѓа од улица Михаил Цоков, поминува покрај Хотел Парк, се упатува кон улица Наум Наумовски Борче, односно зградата каде живеела оштетаната Вања Ѓорчевска“, објасни обвинителката.
Како што објасни обвинителката, автомобилот Цитроен се движел по истата рута како на критичниот ден, односно се доближува до зградата каде живеело оштетеното девојче, што значи дека обвинетите неколку денови пред киднапирањето веќе ја знаеле рутата по која ќе поминат.
На понатамошните снимки се гледа како возилото неколку денови пред критичниот ден, го преместуваат возилото Цитроен од Триангла на локација која подоцна ќе се утврди дека е Бутел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа