Русите почнаа огромна офанзива: Од сите страни ракети и дронови

 

„Целта за Русите е непроменета: нашиот енергетски сектор. Нападната беше гасната инфраструктура и енергетските капацитети кои обезбедуваат нормален живот на луѓето. Беа лансирани повеќе од 40 проектили, вклучително и балистички. Најмалку 30 од нив беа соборени. Лансирани беа и повеќе од 70 руски дронови“, објави украинскиот претседател Зеленски на социјалните мрежи.

Објавени се и првите поконкретни детали за последиците од нападот.

„Критичните инфраструктурни објекти беа мета на нападот. За среќа нема жртви“, извести шефот на воената управа на Ивано-Франковск.

Регионот Лавов и неговата енергетска инфраструктура беа нападнати со крстаречки ракети. Штетата се уште се проценува.

Во шест региони има и вонредни прекини на струја.

Пристигна првата снимка од последиците од нападот, на која се гледа џиновски кратер од руски проектил во регионот Лавов во западна Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така го коментираше нападот, кој објави дека руските сили лансирале повеќе од 40 проектили. Целта беше украинскиот енергетски сектор, рече Зеленски.

Властите во западна Украина денеска објавија дека критичната инфраструктура била погодена во „масивен“ руски ракетен напад.

Луѓето во Киев се засолнија во подземните станици во страв од руските напади.

15.01.2025 - 10:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега