СДСМ побара конкретни мерки од Коце Трајановски за загадувањето

Координаторот на советничка група на Град Скопје од СДСМ и Сојузот за иднината Софија Куновска денеска побара од градоначалникот Коце Трајановски да преземе конкретни мерки за надминување на проблемот со загадувањето на воздухот.

- Не соодветно е Коце Трајановски да се потпира само на апели. Бараме во пракса да профункционираат и досега споменуваните мерки, а тоа е забрана за движење на тешки товарни возила, изјави Куновска.

Според неа, градоначалникот треба да ја стопира градежната активност на подрачјето на централниот дел од Скопје да го свика Координативното тело и Кризниот штаб и да предложат други соодветни мерки, но и да воведе итна забрана за проширување на урбанистичката линија на Водно... 

26.12.2013 - 15:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега