Драма пред Скопскиот суд - двајца полицајци повредени
Вистинска драма се случувала денеска пред скопскиот Кривичен суд. Како што веќе објави Press24 двајца полицајци се полесно повредени откако спречиле најверојатно обид за бегство. До инцидентот дошло кога полицијата спроведувала еден затвореник на судско рочиште. Во тој момент, роднина на затвореникот, 19 годишниот Алими Арсим ги нападнал судските полицајци, Трифун Б. (38) и Фатмир Р. (29). Сепак, тие останале присебни и не дозволиле поголеми проблеми. Напаѓачот веднаш бил приведен. За инцидентот е информиран и надлежниот Јавен обвинител
26.12.2013 - 15:10
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа