Филипче упати божиќна честитка: Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче повод големиот празник Христовото раѓање – Божиќ, во свое и во име на партијата упати честитка до сите христијански верници кои овој празник го празнуваат по Грегоријанскиот календар, како и до скопскиот бискуп и апостолски егзарх во Република Северна Македонија, д-р Киро Стојанов.
„На сите припадници на Католичката црква, како и на сите христијани коишто го слават Христовото раѓање, упатувам искрени честитки по повод денешниот голем празник. Од сѐ срце ви посакувам добро здравје, хармонија и благосостојба. Божиќ е симбол на нова надеж, заедништво и љубов. Во овие празнични денови да го насочиме вниманието кон вистинските вредности за солидарност, почит, меѓусебно разбирање и грижа едни за други. Само така можат да се пребродат и најтешките искушенија. Нека Божиќ биде поттик за нови почетоци и за заеднички успеси во годината што следи. Во божиќните и новогодишните празници посакувам да имате добра мисла, да ги поминете во мир и радост, меѓу своите сакани. Христос се роди!“, стои во честитиката на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа