Секој трет возач во Париз лани бил дрогиран додека возел

 

Во Париз минатата година речиси четвртина од возачите биле позитивни на алкохол додека возеле, а третина биле позитивни на дрога, покажуваат податоците на париската полиција.

Според овие податоци, во 2023 година, од вкупно 25.371 тестирани возачи, 5.868 возеле под дејство на алкохол, објави Паризиен.

Во исто време, меѓу 16.684 возачи на допинг тест, 6.145 од нив биле позитивни. Тоа е пет пати повеќе случаи на пијани возачи во споредба со другите делови на Франција.

 

Префектот на париската полиција Лоран Нуњез рече дека методите што се користат во Париз значително се разликуваат од оние што се користат во провинциите, бидејќи во главниот град се вршат динамични и насочени проверки на места каде што е познато дека возачите консумирале недозволени производи.

Нуњез истакна дека проверките ги вршат 600 агенти кои припаѓаат на Управата за јавен ред и сообраќај. Според него, во периодот од 2019 до 2023 година, во 41 отсто од сообраќајните несреќи на париските улици во кои имало загинати, учествувале пијани возачи или возачи кои биле под дејство на дрога.

Управата за јавен ред и сообраќај соопшти дека од почетокот на оваа година во Франција загинале 2.926 лица, што е за два отсто повеќе во однос на истиот период лани.

25.12.2024 - 07:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега