Османи: Груби згреши што избега

 

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер во неколку влади, Бујар Османи; вели дека нема информација каде се наоѓа Артан Груби, по кого е распишана меѓународна потерница како осомничен во случајот „Државна лотарија“. Османи во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 рече дека тој не знае ниту дали Груби има државјанство на Албанија, но порача дека „постапките на поединци не ја дефинираат целата партија“.

Османи: Партијата ја дефинираат принципите, ја дефинираат политиките, колективните одлуки коишто таа ги носи во тој дел. Мислам дека не може да се најде нешто спорно во однос на политиките на ДУИ, посебно во однос на антикорупциската политика.

„360 степени“: Но, не може сега толку лесно тоа да го сведете на поединец, бидејќи тој (Артан Груби, н.з.) не беше кој било поединец, тој беше десна рака на лидерот Али Ахмети, тој палеше и гасеше на политичката сцена во изминатите неколку години од името на ДУИ, беше прв вицепремиер и можеби една од најмоќните, ако не и најмоќна политичка фигура во еден период.

Османи: Секој за којшто ќе се докаже во правна постапка дека го прекршил законот, треба да сноси одговорност. Немаме дилема во однос на тоа, секој. Меѓутоа многу е важно тоа да биде во еден непристрасен, политички неинструментализиран процес. Така што, еве, ако ме прашувате зошто бегал, јас мислам дека згрешил што бегал. Требало да остане, да се соочи и да си ја каже својата вистина. Партијата не може да сноси одговорност за 34 илјади членови и нивните постапки.

24.12.2024 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега