Петрушевски: СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне

 

СДС и Филипче знаеле за криминалот на Груби, молчеле за владата да не им падне, обвинува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски на прес-конференција во партиското седиште.

Според него, Артан Груби со години ја крадел државата, СДСМ знаела и молчела.

-Венко Филипче како врвен функционер на СДС знаел за криминалот кој го прави Артан Груби. Кога ВМРО-ДПМНЕ зборуваше дека СДС се измеќари на ДУИ, токму на ова мислеше. СДС го одмолчеа и дозволија криминалот на Груби, за истиот да не се налути и ДУИ да им излезе од коалиција. Жално е да се гледа, како сега повторно мора од себе да се прават недоветни, па смислуваат разни приказни. СДС и Филипче треба да излезат пред граѓаните и да се извинат за Груби. Да не беше СДС и нивната болна желба за власт по секоја цена, буџетот немаше да биде оштетен за неколку милиони евра од Груби и неговите другари. Затоа СДС и Филипче треба да им се извинат на граѓаните. Владата на ВМРО-ДПМНЕ без компромисно влезе во битка со криминалците и одговорност ќе има за сите, рече Петрушевски.

 

23.12.2024 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега