Тошковски: Нема да дозволиме под превезот на производство на канабис за лекување, да продаваат дрога на нашите деца

 

Сите докази се во насока на тоа дека овде се правело се, само не законско производство на масло од канабис кое требало да биде користено во здравствени цели, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски за акцијата во која пред една недела од правно лице во село Јосифово беа запленети четири тони марихуана.

Во „Наткаст“ на Курир, Тошковски најави дека и во иднина ќе има повеќе вакви акции.

-Цениме дека најдрагоценото нешто кое би требало да го имаме сите е здрави деца, здрави млади луѓе на кои ќе треба да ја оставиме оваа Македонија. Не смееме да дозволиме овие криминалци кои под превезот на производство на нешто што би помогнало во рамки на лекувањето на одредени болести да продаваат дрога на нашите деца. Нема компромис во делот на постапувањето, во делот на спроведувањето на истраги. Се разликува постапувањето на МВР од претходно, нагласува министерот.

Во „Наткаст“ тој говореше за последните акции спроведени од Министерството за внатрешни работи, довербата и очекувањата од граѓаните, справувањето со шепкачите во редовите на МВР, како и за надградување на проектот „Безбеден град“ и почетокот на неговото ставање во функција.

19.12.2024 - 20:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега