Мицкоски се сретна со Каја Калас - се разговараше за европскиот пат на Македонија

 


Премиерот Христијан Мицкоски во Брисел оствари средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас.

„Во Брисел имав средба со еврокомесарката за надворешни работи, Каја Калас. На средбата разговаравме од потребата ЕУ да го забрза процесот за интеграции и да направи заложба низ добра волја и заедничко разбирање да се одблокира нашиот пат кон ЕУ. Ги објаснив нашите позиции и нашите цели. Македонија заслужува да оди напред во интеграциите“, истакна Мицкоски.

18.12.2024 - 15:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега