(ВИДЕО) Претреси, блокади, разбиени нарко картели: Голема полициска акција на МВР
Обвинителството за организиран криминал и корупција организираше акција која според полициски извори била одржана порано заради вмешаност на поранешен функционер кој дојавувал на нарко картелите доверливи информации. Акцијата била забрзана и спроведена синоќа наместо првично планираниот тајминг.
Полиција имаше насекаде низ Македонија, низ Скопје, а најмногу во скопското село Арачиново. Акцијата резултираше со апсење на неколку лица инволвирани во нарко картели и извршени тешки кривични дела.
Неофицијални извори сугерираат дека некои лица се обиделе да избегнат апсење откако добиле информации за рацијата пред полицијата да ги добие официјалните налози за претрес. Акцијата била спроведена со асистенција на Министерството за внатрешни работи, по добиени разузнавачки информации од страна на обвинителот преку претходни истражни мерки.
Прелиминарните извештаи покажуваат дека операцијата имала за цел да ги разбие клановите кои дејствуваат во Скопје и пошироко. Уапсените лица наводно се поврзани со неодамнешните престрелки во областа. Покрај контролата на влезните и излезните пунктови во Арачиново, полицијата изврши претреси на повеќе локации во Чаир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа